Сочни коцки со моркови без печење

Секој што обожава колачи со моркови, ќе го обожава и овој рецепт. Потребни се само пет состојки и овие сочни коцки дури не треба да се печат

0
368

Состојки:

150 г моркови

100 г урми

150 г овесни снегулки

150 г ореви

1 грст суво грозје и ореви

1-2 лажици цимет (по избор)

Приготвување:

Измијте ги и исчистете ги морковите и исечете ги на парчиња.

Измешајте ги заедно со урмите во блендер.

Додадете ги овесните снегулки и оревите и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете цимет по желба.

Исечкајте ги оревите и сувото грозје на парченца и додадете на дното од смесата. Ставете хартија за печење во некој сад и распоредете ја смесата врз неа.

Нека стои во фрижидер околу еден час.

Исече го колачот на 16 помали коцки.

Фото: Pixabey