Како да из’ртите дома семе од брокула? (ВИДЕО)

Научниците советуваат дека ако ги комбинираме никулците од брокула и брокулата, може да го зголемиме речиси двојно антиканцерогениот ефект на овој зелен зеленчук.

0
889

Највисокото ниво на сулфорафан во никулците од брокула ќе се појави 3-4 дена откако семето ќе из’рти, па затоа е најдобро да си ги направите сами дома. Не само што така ќе можете да го контролирате квалитетот на никулците, туку и затоа што е ова многу поевтино и подобро решение.

Ќе ви требаат:

2 лажици семе од брокула

голема тегла (капацитет од околу 2 l) со широк отвор

газа

Постапка:

Ставете две лажици семе од брокула во теглата и прелијте ги со неколку сантиметри вода.

Покријте ја теглата со газа и прицврстете ја газата со гумено ластиче. Оставете ја теглата во потопла, потемна просторија за да можат да ‘ртат. Следното утро (најмалку 8 часа подоцна) исцедете ја старата вода и исплакнете го семето. Свртете ја теглата наопаку за да се исцеди целата течност преку газата. Чувајте ги на потопло и потемно место. Плакнете ги со свежа вода 2-3 пати на ден и секогаш држете ја превртена надолу за да се исцедите вишокот на течност.

По неколку дена, никулците би требало да почнат да р’тат. Чувајте ги сè уште на потемно место додека не из’ртат до должина од околу 2 цм. По ова тие ќе можат да толерираат малку светлина. Можете да почнете да ги јадете веднаш штом ќе забележите потемни ливчиња на нив (по 3-4 дена). Целиот овој процес трае околу една недела. Исплакнете ги никулците и почекајте најмалку 12 часа додека не исчезна целата течност. Преместете ги во мала тегла или во херметички затворен сад и чувајте ги во фрижидер и до неколку недели. Погледнете го деталниот процес во видеото:

Фото: Freepik