На краставиците не им е место во фрижидерот

Краставиците треба да се чуваат подалеку од овошје и зеленчук кои во себе содржат етилен, како бананите и доматите

0
736

Краставиците можат да се користат на многу начини, во салати, додадени во вода за енергија или како решение за подочниците, но не можат една работа – да стојат во фрижидер.

Ако сте забележале дека вашите краставици не траат долго и брзо се расипуваат, не значи дека сте купиле лоши краставици, туку дека не сте ги чувале правилно.

Повеќето луѓе ги чуваат краставиците во фиока во фрижидер, но таму има влага и температура, поради што тие се расипуваат побрзо. Според податоците од Универзитетот Дејвис, краставиците можат да почувствуваат „повреди од студ“, ако се чуваат на температура пониска од 10 Целзиусови степени.

Ако се чуваат во фрижидер подолго од три дена, тие ќе го изгубат вкусот и крцкавоста и ќе станат меки и воденести.

За да траат подолго краставиците, треба да се чуваат на собна температура. Исто така треба да се чуваат подалеку од овошје и зеленчук што во себе содржи етилен, како бананите и доматите. Кога станува збор за исечена краставица, чувајте ја во затворен сад во фрижидер, колку да се излади, но не подолго од 48 часа.

Фото: Pexels