Здрав леб без квасец, брашно и прашок за пециво

Печењето леб дома денес стана многу популарно, а за тоа има многу причини – поздраво е, повкусно и без адитиви. Единствениот проблем е што процесот трае многу време. Затоа ви нудиме брз рецепт, без квасец и чекање тестото да се крене.

0
852

Не само што сите сакаме леб, туку можеме и сами да го подготвиме – со малку намирници и без часови поминати во кујната.

Но, неретко наидуваме на проблеми кога почнуваме да го правиме.

Покрај брашната што прават проблем, проблем можат да направат и производите што се користат за кревање на тестото, како прашокот за пециво и содата бикарбона. Понекогаш лебот со нив премногу се рони, понекогаш воопшто не се крева, а понекогаш преовладува вкусот на сода, така што не е премногу вкусен.

Кога ќе го направите вашиот прв леб и ќе сфатите колку е ова едноставна кулинарска задача, повеќе нема да размислувате да купувате готов. Единствениот недостаток на домашниот леб е долгиот процес на правење. Подготовката го вклучува и времето потребно за подигање на тестото, што може да потрае и до еден час, а нешто помалку е потребно за да се испече. Плус, кога е готов, треба да почекаме најмалку 20 минути за да се излади за да можеме да го пробаме.

Печењето леб дома денес стана многу популарно, а за тоа има многу причини – поздраво е, повкусно и без адитиви. Единствениот проблем е што процесот трае многу време. Затоа ви нудиме брз рецепт, без квасец и чекање тестото да се крене.

Само треба да се вооружите со омилените семиња. Чиа семето ќе ги поврзе сите состојки, лененото семе ќе направи од лебот вистинско богатство на влакна, а овесните снегулки ќе станат идеална основа за леб што ве заситува додека да трепнете.

Состојки:

235 г овесни снегулки

90 г пропржени бадеми

25 г чиа семе

3-4 лажици семки од сончоглед

65 г семки од тиква

120 г ленено семе

1 лажичка сол

55 мл маслиново масло

6 дл вода

Приготвување:

  1. Семките од тиква и од сончоглед пропржете ги малку во тава, а рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
  2. Исто така, пропржете ги и бадемите во тава, откако претходно ќе ги исечкате на 2-3 помали парчиња.
  3. Измешајте ги сувите состојки во еден сад, а водата и маслиновото масло во друг.
  4. Додадете ги сувите состојки на влажните и оставете ја смесата да отстои некое време.
  5. Ставете ја хартијата за печење во тавата за леб и истурете ја смесата.
  6. Премачкајте ја смесата со уште малку маслиново масло и печете ја на 200 степени околу 60 минути.
  7. Оставете да се излади добро пред да послужите.

Фото: Pixabey