Овесни снегулки со путер од кикирики и чиа семе

Овесните снегулки на многумина им станаа рутина затоа што се практичен, вкусен и здрав појадок. Зошто не би си го приготвиле уште вечерва

0
601

Еве еден извонреден рецепт во кој многу лесно ќе искомбинирате и додатоци како што се банани и бобинки, разни семиња и домашна гранола.

Најдобриот дел е тоа што својот појадок можете да го подготвите два дена однапред и да го чувате во фрижидер до послужувањето. Ако сè уште не сте пробале, задолжително испробајте!

Состојки:

50 г овесни снегулки

120 ml бадемово или некое друго млеко

½ лажица чиа семе

2 лажици путер од кикирики

1 лажица мед

Приготвување:

Во тегла или сад измешајте ги бадемовото млеко, чиа семето, путерот и медот. Додадете ги овесните снегулки и добро измешајте. Покријте со пластична фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ. Послужете го следното утро со додатоци.

Фото: Unsplash