По долгогодишни обиди конечно Словенија доби ресторани што имаат Мишелинова ѕвезда, односно највисоко признание за квалитет.
На специјална церемонија во живо пренесувана од локални медиуми, пет ресторани добија по една, а угостителскиот објект„Хиша Франко“ доби дури две вакви ѕвезди. Коментарите на познавачите се дека во регионот на ниту еден ресторан не му успеало до добие две ѕвезди одеднаш.
-Ова е посебен ден за Словенија и словенечката гастрономија, изјави министерот за економија Здравко Почивалшек непосредно по објавувањето на информацијата.
Оценувачите на Мишелин минатата година анонимно посетија голем број ресторани во Словенија. Како што изјави меѓународниот директор на оценувачите Гвендал Пуленец, тие биле воодушевени од земјата и како што кажа, од „кулинарските бисери“ кои ги поседува.
(МИА)
Фото: Фејсбук