Лисјата од оригано, свежи или сушени, цели или сечкани, се користат како лек уште од античко време. Овој зачин сега често може да се најде во многу специјалитети, но малку е познато за неговите лековити својства.
Содржи многу танини, феноли, витамини А и К и минерали.
Бројни истражувања покажале дека ориганото е еден од најсилните природни антиоксиданти и антибиотици. Како одличен извор на омега 3 масни киселини, овој зачин ги намалува холестеролот и триглицеридите на најдобар начин.
Маслото од оригано пак, е меѓу најефикасните природни лекови кои штитат од Ешерихија коли, салмонела и листерија, а зад него следуваат пимент и лук.
Фото: Pixabey