5 причини зошто треба (почесто) да јадеме цреши

Сочните и слатки румени плодови ја враќаат енергијата, помагаат против воспаленија во мускулите и ви го враќаат сонот...

0
601

Црешите се одлична замена за нездравите грицки полни со сол и маснотии, а пријатели се и на витката линија затоа што спаѓаат во овошје кое има понизок гликемиски индекс. Има само 32 калории во 100 грама свежи цреши. Од нив се прави здрав сок или сируп, од петелките чај, а благодарение на нивната сочност, тие се омилен додаток и во десертите со нежни креми, слатките пити и колачи.

Одлични за спортисти

Црешите се препорачуваат за спортисти, особено по напорните вежби затоа што го олеснуваат воспалението на мускулите. Благодарение на нивниот корисен коктел од витамини и минерали, црешите ја обновуваат енергијата и ја подобруваат физичката и менталната форма. Антоцијаните, пигменти кои им ја даваат црвената боја на црешите, се клучни за смирувачките својства.

За срце во форма

Црешите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и нивото на штетни масти, а истражувањата покажуваат дека една порција цреши на ден може да помогне против мозочен удар. Тие се препорачуваат на менијата на оние кои имаат висок холестерол или крвен притисок.

Одбрана од болести

Црешите се одличен извор на антиоксиданти и антиинфламаторни соединенија, а исто така се сметаат и за храна за мозокот. Тие чувари на клетките во организмот го забавуваат стареењето и го спречуваат ризикот од карцином, Алцхајмерова болест, како и дијабетес.

Чистат од токсини

Чајот од петелки од цреша се користи како народен лек за превенција и третман на проблеми со црниот дроб, желудникот и бубрезите. Овој лековит пијалок се користи и за пролетна детоксикација на организмот и третман на инфекции на уринарниот тракт. Чувајте ги петелките од црешите, исушете ги на сонце и чувајте ги на суво место и користете ги цела година.

Го подобруваат спиењето

Ако страдате од несоница, посегнете по домашен сок од цреша или јадете ги во текот на денот. Црешите го смируваат телото и го стимулираат производството на мелатонин, хормон кој ни помага полесно да заспиеме и да не се разбудиме во текот на ноќта. Мелатонинот го произведува епифизата, а негова улога е и да го забави стареењето на клетките.