Покрај тоа што дејствуваат антиинфламаторно, куркумата и црниот пипер во комбинација кои ги додаваме во овој коктел, ги активираат хормоните на среќа.
Ако додадете и сок од лимон и витаминот Ц што го содржи, ќе добиете инјекција за будење на организмот и помош во борбата против анксиозноста и стресот.
Чиа семето обезбедува енергија и има корисен ефект врз целиот организам, а циметот ја подобрува мозочната активност.
Состојки за утринскиот коктел:
1/2 лажичка куркума
1/2 лажичка цимет
Прстофат црн пипер
1 лажичка чиа семе
1 лимон
По желба: мед, ливчиња од нане
Приготвување:
Истурете малку врела вода во чаша, додадете го семето и оставете го да отстои една минута или две.
Додадете ги зачините и измешајте ги за да нема грутки.
Додадете го исцедениот лимон и вода. Ако сакате, додадете мед и ливчиња од нане.
Фото: Pexels