Покрај бета-каротин, кајсиите можат да се пофалат и со тоа што содржат витамин Ц и диетални влакна. Влакната се важни за добро варење, придонесуваат за размена на материите во организмот, па секако дека ќе бидат корисни за луѓето кои се обидуваат да го изгубат вишокот килограми. Еве уште некои карактеристики на ова сезонско овошје.
Помагаат при запек
Бидејќи се богати со растителни влакна, свежите или сувите кајсиите се одлични за поттикнување на варењето на храната. Без разлика дали се суви или свежи, се препорачуваат за луѓе кои страдаат од запек, заради нивниот лаксативен ефект.
Ги зајакнуваат коските
Кајсиите содржат значителен дел од сите минерали потребни за раст и регенерација на коските, како што се калциум, фосфор, манган, железо и бакар. Тие помагаат при развој на коските кај децата или после фрактура и во разни состојби поврзани со стареење, вклучително и остеопороза.
Помагаат за здравјето на срцето
Кајсиите се полни со витамин Ц, калиум и растителни влакна, а сето тоа придонесува за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Витаминот Ц го штити срцето од слободни радикали, калиумот го намалува крвниот притисок опуштајќи ја тензијата на крвните садови и артериите, додека влакната го отстрануваат вишокот холестерол од ткивоto na жилите.
Ја намалуваат температурата
Сокот од кајсија често им се дава на лица со температура затоа што ги снабдува со потребните витамини, минерали, калории и вода, додека ги детоксифицира органите. Тие имаат смирувачки и антиинфламаторно дејство, па покрај за температура, помагаат и при артритис или гихт. Некои ги консумираат и сварену на пареа.
Лекуваат воспаление на уво
Маслото од кајсија е добро за мали инфекции на увото. Само неколку капки во воспалениот канал на увото се покажало како брзо и успешно решение.
Помагаат при кожни заболувања
Маслото од кајсија е исто така добро за нега на кожата. Брзо се апсорбира и не остава мрсен слој на кожата, но ја прави мека и сјајна. Тие се ефикасни при егзема, чешање, и голем број други состојби на кожата. Ова е благодарение на антиоксидантите и витаминот А што го содржи и кој е заслужен за бројни придобивки за подмладување на кожата.
Лекуваат анемија
Поради железото и бакарот во својот состав, кајсиите помагаат да се формира хемоглобин во телото. Ова помага при анемија, која се манифестира преку чувство на слабост, замор, изгубеност, дигестивни проблеми и општа метаболичка дисфункција.
Антиастматични
Нивното масло помага при респираторни заболувања затоа што го намалува притисокот и стресот на белите дробови и респираторниот систем, со што се спречуваат напади на астма и слични состојби.
Фото: Pexels