Сега е сезона за цветoвите од тиквички, па ако имате среќа да ги имате во својата градина, побрзајте и направете го овој деликатес!
Потребни ви се околу 6-8 цвеќиња по човек и добивате комплетен сезонски оброк, ако го послужите со салата.
Овој рецепт скопјанката Сандра Темова го научила од својата баба.
За него ви требаат:
Цветови од тиквичка набрани рано наутро бидејќи тогаш се отворени.
Јајца
сирење (фета, рикота или урда, или било кое друго сирење по ваш вкус)
Брашно
масло за пржење
Ќе ги измешате јајцата и сирењето и со оваа смеса ќе ги наполните цветовите од тиквичка.
Потоа ги ставате прво во матени јајца, а потоа во брашно и ги пржите во врел зејтин.
Фото: Стефани Христов