Состојки:
250 г крем сирење
¼ шолја шеќер
1 ½ шолја течна павлака
2 шолји млеко
3 мали пакувања пудинг од ванила
1 шолја пире од тиква
10 слатки крекери
¼ шолја карамел
ореви за украс
Приготвување:
1. Изматете ги крем сирењето и шеќерот додека се добие компактна смеса. Полека додавајте ја течната павлака и матете додека добиете цврста смеса.
2. Во друг сад изматете ги млекото, пудингот, тиквата.
3. Ставете еден тенок ред од смесата со крем сирење во стаклена тава. Врз него ставете еден ред крекери и половина од смесата со пудингот, па врз неа уште еден ред од смесата со крем сирење. Најгоре ставете карамел и повторете ја постапката завршувајќи со ред од смесата со крем сирење.
4. Покријте ја тавата со најлонска фолија и ставете ја во фрижидер 4 часа или преку ноќ. Пред послужување ставете одозгора карамел и украсете со ореви.