Две кажуваат рецепт, трета прави торта

Рецептот за оваа превкусна Павлова торта го сподели со нас нашата читателка Лихнида Дамовска. Вели дека рецептот за тестото го добила од својата пријателка Маргарита Радош, а за филот - од својата пријателка Сузана Аврамовска. Се разбира, тортата, како и прекрасните фотографии ги направила сама

0
340

Состојки:

За тестото:

5 белки

250 г кафеав шеќер

100 г бадемови ливчиња

За кремот:

5 жолчки

3 лажици шеќер во прав

500 мл слатка павлака

500 г јагоди, малини или некое друго овошје по желба

Приготвување:

Се матат белките и шеќерот во цврст снег. Се ставаат во тавче врз хартија за печење и се поросуваат со бадеми. Тестото се пече прво 8 минути на 200 степени, па се намалува на 140 степени и се пече уште 15 минути. Се остава да се олади.

За филот се матат петте жолчки со 3 лажици шеќер во прав на пареа точно 10 минути. Се остава да се оладат. Се мати слатката павлака па се спојува со жолчките.

Откако тестото ќе се олади се превртува, бадемите да дојдат долу и се мачка со филот. Се ставаат 500 грама јагоди или некое друго овошје по желба.

Може да се завитка како ролат или да се остави во форма на торта. Се поросува со шеќер во прав.

Може да се направи и поедноставен фил со шлаг и со 200 грама кисело млеко, 200 грама маскарпоне, урда или крем сирење.

Испробано во сите варијанти и секако е мнгогу вкусна.