Покрај тоа што е брз за подготовка и вкусен, мафините од леб може да се сервираат на многу начини и се идеален рецепт за повеќе луѓе. Без разлика дали е тоа со шеќер во прав и јаворов сируп, Нутела, со овошје или со лажичка сладолед, нема лоша варијанта.
Со оглед на тоа што станува збор за исечкан леб, кој се пече во калап за мафини, значи дека ова е многу лесен рецепт за подготовка. Сè што треба да направите е да ги измешате сите состојки и да ги ставите во загреана рерна.
Состојки:
Путер
10 парчиња леб, по можност стар
5 јајца
350 мл млеко
1 лажица кафеав шеќер
2 лажички екстракт од ванила
1 лажичка мелен цимет
1/2 лажичка сол
шеќер во прав
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Додадете 12 корпи во калапот за мафини и премачкајте ги со малку стопен путер. Исечете го лебот на парчиња, а потоа на помали коцки.
Во голем сад, измешајте ги јајцата и додадете ги млекото, шеќерот, екстрактот од ванила, циметот и солта. Промешајте додека не добиете компактна смеса, или додека не се соединат сите состојки. Потоа додадете ги парчињата леб и добро измешајте додека секое парче не биде покриено со смесата од јајца.
Потоа добиената смеса распоредете ја во калапите со лесно притискање за да ги направите мафините покомпактни откако ќе се испечат.
Печете ги околу 20 до 25 минути, а потоа оставете ги да отстојат пет минути за да се изладат.
Поросете ги со шеќер во прав или прелијте ги со јаворов сируп или со мед и сервирајте ги топли.
Рецептот и фотографијата се од ТУКА.