Можеби ќе ве изненади затоа што блитвата, освен што ја рангираат помеѓу најздравите зеленчуци на светот, исто така се смета и за една од најхранливите, па иако една порција има само 35 калории, заради изобилството на растителни влакна, долго време ве одржува сити.
Постојат безброј причини да јадете блитва почесто, а ние ќе се обидеме да ги сумираме најважните. Богата е со витамини Ц, Б1, Б2 и каротин (провитамин А), витамин Е, и има значителни количини на витамин К, кој игра важна улога во згрутчувањето на крвта и го одржува здравјето и цврстината на коските.
Покрај тоа, таа е богата со магнезиум, железо, калиум, калциум и важни минерални соли. Содржи голем број на антиоксиданти за кои се верува дека ги намалуваат шансите за развој на хронични заболувања, но и на некои видови на карцином.
Има антиинфламаторно дејство, помага за зачувување на добрата крвна слика и здравјето на срцето и им помага на дијабетичарите.
На своето здравје ќе му направите уште поголема услуга ако ја јадете сирова, во салата или во смути. Салатата добро зачинете ја, додадете ѝ рукола или бејби спанаќ, а ако ја ставете во смути, ставете и состојки со силен вкус, како што се вишните и не се плашете дека ќе ви биде невкусно.
Ако сепак сакате прво да ја сварите, не претерувајте затоа што со долгото варење ќе си изгубат вредните состојки. Ако ги варите заедно петелките и листовите, тогаш ставајте ги прво петелките затоа што им треба подолго време за да се сварат, а листовите ставете ги потоа, за да не се случи да ви се преварат.
Фото: Pixabey