Сопственикот на ресторан во Сечуан, Кина, Џонатан Лоу, предупредил за најчестите грешки.
- Премногу зачини
„Многу аматери го прават тоа. И јас го правев истото. Кога го добив мојот прв сет за зачини, ставав десетина зачини во сè. Така само го збунував непцето. Подоцна сфатив дека добрата техника и состојките придонесуваат многу повеќе за вкусот отколку самите зачини. Еден добар оброк треба да има најмногу три или четири различни основни вкусови, заедно со некои ароми. ”
- Недоволно врела тава
Ако печете или пржите, тавата мора да биде многу жешка. На просечен вок ќе му бидат потребни пет до седум минути за да се загрее правилно.
- Мешање на храната во текот на пржењето
„Повеќето луѓе го доживуваат пржењето како едноставно готвење на нешто на висока температура. Но, тоа не е случај. Идејата е да ја испржите храната, а не да ја парите, а тоа значи константно превртување на храната со „фрлање“ а не со мешање со лажица.
- Не користите термометар
„Тоа го прават главно сите домашни готвачи. Секогаш кога ме прашуваат зошто печењето не испаднало како што треба, ги прашувам дали користеле термометар. Во 99% од случаите, тие велат дека не користеле“.
- Премногу течност во текот на динстањето
„Сум видел дека луѓето додаваат толку многу вода или вино во текот на динстањето такашто месото целосно плива. Не, не го правете тоа! Постои разлика помеѓу динстање и готвење!“
- Додавање состојки во печењето врз основа на вкусот, а не на хемискиот состав
„Никогаш не додавајте ништо во печењето, освен ако не сте целосно запознаени не само со вкусот, туку и со хемиските својства. Одлично е да експериментирате, но на едуциран начин “.
- Додавате премногу скроб за да го згуснете сосот
„И ова го прават многу луѓе, претпоставувам дека е нетрпеливост. За подебел сос, потребни ви се максимум две или три лажици скроб по чаша течност, и тоа само ако течноста веќе не содржи протеини или некоја емулгирачка супстанција. Потребно е време скробот да ја направи својата магија. Ако додадете премногу скроб, ќе добиете блуткав, зрнест и невкусен сос.“
Фото: Freepik