Сок што го лекува, го чисти и го препородува организмот

Не треба да се заборави дека овој зеленчук има значителни придобивки за нашето здравје и е многу чест во исхраната последниве години.

0
616

Луѓето или го сакаат или не го сакаат сокот од цвекло.

Цвеклото е богато со антиоксиданти, железо, витамин Ц, манган и фолна киселина, и сите тие го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и воспаление.

Сокот од цвекло ги разредува крвните садови и ја намалува потребата на мускулите за кислород за време на вежбање, што во голема мера ја зголемува издржливоста. Затоа е одлично за постари лица кои се склони кон брз замор, како и за лица со кардиоваскуларни проблеми, покажаа американските студии.

Го намалува крвниот притисок и го штити срцето

Освен што ја зголемување издржливоста, сокот од цвекло содржи нитрати кои го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и срцев удар, како и болести на бубрезите. Доволно е да пиете една до две чаши сок на ден.

Ја зајакнува циркулацијата и може да го забави развојот на деменција

Нитратите од сокот исто така ја зголемуваат циркулацијата, особено до мозокот. Снимките на мозокот потврдиле дека се зголемува дотокот на крв, а со тоа и кислород во делот од мозокот кој е поврзан со меморијата и деменцијата. Токму затоа овој сок им се препорачува на постари лица.

Фото: Pixabey