Дали знаете што е карантини, коктелот што ги урна социјалните мрежи?

Специјалитетот на секоја куќа го прославија социјалните мрежи, а по некои луди обиди со шумливи таблети, обожавателите на карантини се смирија и се одлучија на некои поприфатливи варијации на коктел кој се пие во самотија ...

0
294

Сѐ започна како шега во САД, кога на социјалните мрежи се појавија илјадници хаштази #quarantini, меѓу кои и оној кој на Твитер го стави актерката Шерон Стоун.

На почеток станувало збор за „специјалитет на куќата“, обично мартини кое се пие во самотија, но наскоро почнаа да се појавуваат рецепти кои го спојуваат џин и шумлив витамин Ц, како и други суплементи. На ова жестоко се спротивставија лекарите и предупредија дека мешањето на алкохол и додатоци во исхраната не е во никој случај добра идеја и може да биде штетно.

Во меѓувреме, домашната миксологија зема замав, а карантини стана било кој коктел што можете да го направите со состојките што ги имате на располагање.

Ви донесуваме еден од рецептите од колекцијата на рецепти ‘Џејми дома’ (како да знаеше дека ќе ни затреба), готвачот Џејми Оливер, а се пие со некој што го сакате, преку видео повик.

Рецепт за мартини од јагоди (карантини):

2 раце јагоди

свежо нане

2 раце мраз

150 мл џин или вотка

сув вермут

Приготвување:

  1. Изладете ја чашата за мартини и шејкерот за коктели во замрзнувач околу половина час.
  2. Ставете неколку капки вермут во чашата и завртете ја.
  3. Ставете 3 јагоди на дното на чашата, по потреба преполовете ги или исечете ги на неколку парчиња.
  4. Преостанатите јагоди ставете ги во шејкер со нането и згмечете ги. Додадете мраз и џин или вотка, па протресете и претурете во чаша. Живели!

Фото: Pexels