Како слатките производи нѐ прават среќни?

Дали знаевте дека кондиторските производи можат да ви помогнат да се справите со секојдневниот стрес и да го подобрите вашето расположение? Да, бројни истражувања ги потврдуваат бенефитите од консумирање на слатки производи! Слатките поизводи навистина имаат „супермоќ“ – вели проф. д-р Диана Белевска, психолог и психотерапевт.

0
164

Новите случувања со корона вирусот во нашата земја, и пошироко во светот, се навистина вознемирувачки и влијаат на нашата ментална состојба. Согласно препораките, потребно е да ги почитуваме мерките за заштита од корона вирусот, но во исто време да се грижиме и за нашето ментално и емоционално здравје во услови на пандемија, пишува проф. д-р Диана Белевска, психолог и психотерапевт.

– Дали знаевте дека кондиторските производи можат да ви помогнат да се справите со секојдневниот стрес и да го подобрите вашето расположение? Да, бројни истражувања ги потврдуваат бенефитите од консумирање на слатки производи! Слатките поизводи навистина имаат „супермоќ“ – вели Белевска.

Таа наведува неколку факти кои тоа го потврдуваат:

– Јадењето на слатка храна го подобрува расположението бидејќи ја зголемува енергијата и доведува до зголемување на нивото на серотонин во мозокот – серотонинот е хормон на среќата.

– Слатките производи влијаат на когнитивните мозочни функции, па луѓето кои ги консумираат подолго можат да останат фокусирани на тешки и предизвикувачки задачи.

– Флавоноидите, магнезиумот и екстрактот од какао наречен лавадо, кои се составен дел на многу кондиторски производи, ги штитат нервите и ја подобруваат меморијата, особено кај повозрасните.

– Антиоксидантите кои се наоѓаат во чоколадото помагаат во забавување на процесот на стареeње.

– Луѓето кои консумираат чоколадо имаат четири пати помалку ризик да развијат депресија од оние кои воопшто не консумираат.

– Неодамнешните истражувања покажуваат дека луѓето кои сакаат слатки работи се повеќе пријателски расположени, сочувствителни и да, послатки! Животот е сладок, а такви се и производите на „Vincinni“. Консумирајте ги во препорачаните количини и грижете се за своето здравје и за здравјето на другите – препорачува проф. д-р Белевска.