Ова јадење е одличен избор за ручек или за вкусна вечера, едноставно се подготвува и што е уште поважно, не ви треба многу време за да го направите.
Комбинацијата на состојки ќе го направат едно од вашите омилени на менито, а во продолжение можете да прочитате кои состојки ви се потребни и како да го подготвите ова јадење.
Состојки:
16 лажици пченкарно брашно
2 стапчиња праз
800 г шампињони
Сол, црн пипер
Маслиново масло
Приготвување:
Во зовриена вода ставете го пченкарното брашно и варете 15 минути, постојано мешајќи. Истурете го вареното брашно врз хартија за печење, израмнете го да биде како кора за ролат, оставете го да се излади и исечете го на осум еднакви делови.
Во тава на малку маслиново масло издинстајте го исечканиот праз и поголемиот дел од печурките. Остатокот ќе ви треба за горниот слој. Додадете сол и црн пипер по вкус. Кога зеленчукот ќе се издинста, наполнете ги овие здрави канелони, и преостанатата смеса од шампињони прелијте ја одозгора и печете ги околу 15 минути.
Фото: Freepik