Овошје, зеленчук или само цветче?

Овие убави бобинки на кои ретко кој може да им одолее, обезбедуваат и цел спектар од микронутриенти кои имаат корисен ефект врз здравјето на луѓето.

0
143

Со доаѓањето на топлите пролетни денови, доаѓаат и овие слатки бобинки со неодолива арома кои, ако не сте знаеле досега, од ботаничка гледна точка, велат, не спаѓа ниту во групата овошје, ниту во групата зеленчук, туку е само зголемен и задебелен цвет на стебленцето од оваа билка.

Неодоливата арома и совршениот вкус не се единствената карактеристика со која може да се пофалат јагодите. Овие омилени бобинки имаат завидна содржина на одредени состојки кои благотворно делуваат врз нашето здравје.

Влијание врз здравјето

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на бобинки, вклучувајќи јагоди, може да го намали ризикот од многу хронични заболувања.

Регулирање на нивото на гликоза во крвта

Нерамнотежа во регулирањето на нивото на глукоза во крвта и исхрана во која преовладуваат намирници што предизвикуваат ненадејни промени во нивото на гликоза во крвта, е поврзана со зголемен ризик од дебелина, развој на дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања.

Резултатите од студијата објавена во 2011 година во британското научно списание The British Journal of Nutrition покажала дека јадењето јагоди, заедно со оброк богат со јаглени хидрати, може да го забави разградувањето на јаглехидратите и да ги намали наглите промени во нивото на глукоза и инсулин во крвта.

Здравје на срцето

Кардиоваскуларните заболувања се најчеста причина за смрт во светот. Бројни истражувања во кои биле вклучени илјадници луѓе покажале врска помеѓу конзумирањето на разни видови бобинки и намалување на ризикот од смрт предизвикан од кардиоваскуларни заболувања.

Имено, резултатите од истражувањето покажуваат дека консумацијата на јагоди може да го подобри статусот на антиоксиданси во крвта, да го намали оксидативниот стрес, да ја подобри функцијата на крвните садови, липидниот профил и да го намали нивото на ЛДЛ холестерол во крвта.

Малигни заболувања

Истражувањето спроведено на животински модел објавено во 2013. година во научното списание Anticancer Research покажало дека јагодите можат да го забават развојот на рак на усната празнина.

Оваа заштитна улога на јагоди се припишува на содржината на елагинска киселина и елагитанин, соединенија за кои се покажа дека можат да го забават растот на малигните клетки.

Сепак, потребни се истражувања на луѓе за да се разјасни потенцијалниот позитивен ефект на јагодите кај малигните болести.

Јагоди во кујната

Најмногу сакаме да ги консумираме јагодите во свежа форма, но и како составен дел на разни овошни колачи, пити, кремови, сладолед и пијалоци, овошни сокови и коктели.

Но сѐ повќе и во некои похрабри варијанти – солени специјалитети со јагоди како што се ладни салати, но и необични сосови што се служат со месо или риба.

Фото: Pixabey