Решение за стрес: правење леб во време на корона

Пандемијата на коронавирусот принуди милиони луѓе да останат дома, а правењето леб стана еден од најдобрите начини за справување со стресот, пишува „Гардијан“.

0
570
Фото: Pexels

Карл Анхалт, наставник по математика во Њујорк, не правел леб со години, но бидејќи останал во карантин во неговиот стан, почнал да размислува за леб.

Тој изјавил за „Гардијан“ дека подготвувањето храна му помага да се чувствува продуктивно и полесно да се справи со стресот, како и да ја ублажи анксиозноста.

Весникот пишува дека има недостиг на квасец во супермаркетите во Велика Британија и САД, и дека добавувачите на квасец проценуваат дека сегашната побарувачка е „без преседан“.

Покрај тоа, Google неодамна покажа дека прашањето што сѐ повеќе се поставува е како се пече леб, а најчестото прашање било како да се направи леб без квасец.

Психолозите започнаа со истражување на готвењето како терапевтска алатка за да им помогнат на луѓето кои страдаат од депресија и анксиозност, а истражувањето од 2016. година објавено во списанието „Позитивна психологија“ сугерира дека луѓето кои честопати се впуштаат во мали и креативни проекти се поопуштени и посреќни, наведува Гардијан.

Кен Форкиш, сопственик на пекарница во Портланд, вели дека луѓето сакаат да имаат свеж леб затоа што се обидуваат да го избегнат одењето во продавници.

Тој исто така изјавува дека затворањето дома поттикнало голем број пекари да испробаат работите што не ги правеле порано, како на пример кисело тесто.

Фото: Pexels