Кои намирници можат да ги ублажат симптомите на алергија?

Пролетта е време кога сè цвета - што за многумина значи чешање, црвени очи и нос, кивање и болки во грлото - сите непријатни и макотрпни симптоми на алергија. Има намирници кои можат да ги ублажат симптомите од алергиите. Вреди да се проба!

0
334

Алергијата е резултат на зголемено лачење на хистамин во организмот, а фармацевтски производи против алергиите се антихистаминиците. Сепак, постојат и природни антихистаминици, кои можат да се најдат во храната и кои во голема мера можат да ги ублажат проблемите предизвикани од алергија.

Антихистаминиците во форма на фармацевтски лекови можат да имаат многу несакани ефекти, како што се поспаност, летаргија и гадење. Поради оваа причина, треба да пробате природна алтернатива, затоа што земањето лекови секогаш ви останува како опција.

Одредена храна содржи својства кои ги поседуваат и синтетичките антихистаминици. На прво место е растителна храна – овошје и свеж зеленчук (термички непбработен) што содржи високо ниво на природни анихистаминици. Тука спаѓаат, пред сѐ, овошје и зеленчук со силни бои, затоа што содржи флавоноиди, кои делуваат како своевиден антихистаминик – боровинки, јагоди, капини, пиперки, домати, малини и друго. Покрај тоа, се покажа дека употребата на лук и кромид во исхраната е многу ефикасно во намалувањето на симптомите на алергија.

Намирниците богати со витамин А, исто така, имаат многу корисен ефект врз симптомите на алергиска реакција. Овие намирници вклучуваат спанаќ, моркови, манго, блитва, зелена салата, кељ и друг зелен лиснат зеленчук.

Храната што содржи витамин Ц, исто така, ќе го намали одговорот на организмот на засиленото лачење на хистамин. Тука спаѓаат лимон, портокали, киви, млада зелка, јаболка …

Намирниците богати со бромелин, како ананасот, исто така, треба да се консумираат интензивно за време на сезоната на алергии, бидејќи бромелинот ја намалува имунолошката реакција на организмот и така ги ублажува симптомите на алергијата.

Важно е да се додаде дека чаевите од камилица, ѓумбир, коприва, анасон и босилек исто така имаат многу поволен ефект врз симптомите на алергија.

Фото: Pexels