Започнете го денот со сендвич со сирење (бри или некое друго), јагоди, малку кора од лимон и оцет балсамико и крцкава кора премачкана со путер од кокос. Подготовката ќе трае десет минути, а количината е доволна за шест мини сендвичи.
Ако сакате, додадете си босилек или нане во вашиот сендвич.
Состојки:
6 парчиња леб
3-4 лажици путер од кокос
100 г свежи јагоди
1 лажичка маслиново масло
½ лажичка оцет балсамико
Малку кора од лимон
150 г рендано сирење
Сол, црн пипер
Приготвување:
Премачкајте го лебот со путер од кокос од едната страна. Таа страна ќе дојде во директен контакт со тавата и ќе се запече. Во мал сад, измешајте ги ситно исечените јагоди, босилек, маслиново масло и оцет балсамико. Додадете кора од лимон, сол и црн пипер. На кришка леб ставете од сирењето и јагодите, покријте ги со друго парче леб и печете ги неколку минути од секоја страна.
Фото: Pixabey