Направете одлични сендвичи од вишокот варени јајца

Потребно ви е многу малку време за да ги искористите вишокот јајца кои сигурно ви останале од празникот

0
232

Вишокот на варени јајца лесно и брзо претворете ги во кремава салата со која ќе си го дојадете и препеченото бајато лепче.

Осум јајца ќе бидат доволни за четири поголеми сендвичи, а времето за подготовка е многу кратко.
Споделете ги сендвичите со вашите најблиски и уживајте во продолжениот празничен викенд!

Состојки:

8 јајца
100 г мајонез
1 лажица сенф
50 г исечкан млад кромид
прстофат црвен пипер
сол
црн пипер

Приготвување:

Излупете ги варените јајца и ситно исечкајте ги.
Измешајте ги јајцата со мајонез, сенф и млад кромид.
Зачинете и направете сендвич со две парчиња препечен леб.

Фото: Pixabey