„Гавраните си се послужија со нашите јајца за Велигден, наздравје нека им е“, напишал на својот фејсбук профил скопјанецот Стефан Русевски, над фотографијата од речиси празната картонска табла со бојадисани велигденски јајца.
Откако утринава откриле дека недостасуваат дури 12 од јајцата (овој податок го дознавме од неговата сопруга Ана која точно знае колку јајца вапцала за Велигден), кои исчезнале без трага и глас, констатирале дека ова може да е дело само на гладните гаврани.
Како и да е, домаќинката сега бојадисува нови јајца и ги информира сите скопски гаврани дека вечерва тие нема да бидат на балкон.
Веста е токму како за онаа рубрика „Верувале или не“ на Рипли (нам позната од „Политикин забавник“).