Состојки:
1,5 кг брашно
200-250 мл млако млеко
Рендана кора од лимон
Малку сол
Ванилин шеќер
8 жолчки
400 г шеќер
300 г путер на собна температура
1,5 коцка свеж квасец
2-3 лажици рум
За глазурата:
Изматено јајце
Шеќер
Приготвување:
Помешајте го квасецот со малку шеќер и лажива млако млеко, покријте го и оставете го неколку минути на топло да стаса.
Помешајте ги брашното и путерот и направете трошки, па во смесата направете вдлабнатина во која ќе ги додадете шеќерот, жолчката, ванилиниот шеќер, солта, лимоновата кора и надојдениот квасец.
Замесете тесто, покријте го и оставете го да стасува на топло неколку часа, а најдобро би било преку ноќ.
Тестото поделете го на 4 дела и од нив направете топчиња. Покрите ги и оставете ги на топло додека не пораснат двојно.
Секое топче двапати нежно засечете ги по средината, премачкајте ги со изматено јајце и поросете со шеќер.
Печете ги на 180 степени околу 35-40 минути.
Фотографијата е од ТУКА.