Посен колач со аронија и хељдино и ленено брашно

Кој мисли дека посните колачи не се вкусни нека ги проба овие. Со мешано брашно, без воопшто шеќер, со маџун или мед (и ако баш не ви е доволно благо, 2-3 лажици мармалад од шипка или од сливи), се одличен и здрав или барем поздрав десерт од било што друго

0
269

Состојки:

1 шолја хељдино брашно

1/ 2 шолја пченкарно брашно

1/2 шолја бело брашно

2-3 лажици ленено брашно (смелете во блендер ленено семе)

1 шолја масло (кокосово, маслиново, обично или мешано)

2 шолји вода или растително млеко (оризово, бадемово, млеко од соја)

маџун или мед по ваша желба + мармалад од шипки или сливи, исто така по желба

1 лажица какао

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

цимет, ѓумбир

аронија

јаткасто овошје по желба (ние ставивме 50 г сечкани лешници)

Приготвување:

Сите состојки се мешаат, прво течните, а потоа брашната, пецивото, какаото и зачините.

Се истура во тепсија со хартија за печење и се пече 20-30 минути, во зависност од јачината на рерната.

Треба да испука по површината. Поросете го со какао во прав.