Брзи протеински палачинки од три состојки

Мислите дека треба многу време за да се направи здрав и вкусен оброк, особено палачинки? Епа за овие ви требаат само 3 состојки и 10 минути

0
549

Класичните палачинки не важат за здрава храна, но веќе некое време се појавуваат наразлични варијации на темата – палачинки, а повеќето од нив се од оние поздравите варијанти. Но освен што оваа варијанта е здрава, добро е и тоа што за неа не треба многу време. Поточно, потребни ви се помалку од 10 минути и само 3 намирници.

Состојки:

1 банана

2 јајца

1 лажица маслиново масло (не ладно цедено)

Приготвување:

Излупете ја бананата и ставете ја во мала шолја или чинија. Згмечете ја со помош на вилушка додека не добиете кремав облик. Изматете ги и додадете ги јајцата. Измешајте и гмечете додека бананата и јајцата не се соединат.Обидете се да не ви останат големи парченца банана.

Загрејте ја тавата на средна температура и ставете маслиново масло па испржете ги палачинките такашто ќе ставате по малку од сместа во облик на мали палачинки и пржете ги сите по 1 минута од двете страни. А потоа можете да ги комбинирате и со некое овошје.

Фото: Pexels