Таанот го алкализира организмот и е извонреден избор за поздраво срце и крвни жили, кожа, зглобови и мускули. Помага за работа на мозокот и го штити организмот од стареење.
Ѓумбирот пак е природен сојузник на варењето и му дава сила на организмот при инфекции, а на јадењата им дава специфична лута нота која многумина ја сакаат.
А медот, за него исто така е веќе сѐ кажано и сите знаеме дека е супер намирница во која луѓето уживаат многу долго.
Уживајте и вие во комбинацијата на овие состојки во едноставен прелив за салати за кој ви се потребни само 5 минути.
Состојки:
2 лажици таан
½ -1 лажица мед
Прстофат свежо изрендан ѓумбир
2 лажици вода
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во мал сад и добро измешајте ги.
Прилагодете го соодносот на слатко и луто по ваша желба и зачинете ја својата омилена салата.
Ако немате таан, можете сами да го направите, а за тоа ви се потребни:
2-3 лажици маслиново масло
200 г сусам
Смелете го сусамот во блендер со 2-3 лажици маслиново масло.
По желба на таанот можете да му додадете и 1-2 лажици сок од лимон и морска сол.
Фото: Freepik