Празот го штити здравјето на штитната жлезда и белите дробови

Иако употребата на праз во македонската кујна е многу честа затоа што го подобрува вкусот на многу јадења, малкумина ги знаат лековитите својства на овој зеленчок. За разлика од црвениот кромид или лукот, празот се употребува цел - не само како зачин, туку како самостоен зеленчук.

0
182

Празот е богат со хранливи и лековити материи – содржи голема количина минерали и витамини Ц, како и есенцијални масла со сулфур. Овие масла имаат корисен ефект врз респираторните органи, варењето на храната, бубрезите, црниот дроб, крвта и крвните садови. Во исто време, од тие масла потекнува и мирисот на праз, кој е доста специфичен и на многумина им е одбивен. Кога користите праз, се препорачува да се користат и белите стебла и зелените лисја.

Делување:

При зголемена тироидна жлезда, се препорачуваат топли облози од варен праз.

Празот помага при кашлање, ја смирува кашлицата и има благотворно дејство врз засипнатоста, пневмонијата и астмата.

Ја намалува зголемената количина на мокрачна киселина, холестерол и маснотии во крвта.

Празот ја подобрува циркулацијата на крвта и помага при артериосклероза и воспаление на вените.

Го подобрува апетитот и ја стимулира работата на дигестивниот систем и цревата.

Фото: Pexels