Хумус со цвекло

Нема некоја посебна филозофија, односно, рецептот е ист како и за обичен хумус, само што со цвеклото ќе добиете уште поздрава и поефектна варијанта.

0
290

Состојки:

2 испечени средни цвекла
1 лажица таан
2 лажици сок од лимон

2-3 чешниња лук
2-3 лажици маслиново масло

1 – 1 ½ шолја сварен наут

Зачувајте и од течноста во која се варел наутот за да додадете доколку е смесата премногу густа

Приготвување:

Завиткајте го секое цвекло посебно во фолија и испечете ги во рерна. Откако ќе се оладат, излупете ги и заедно со другите состојки ставете ги во блендер, па додадете сол, таан и лукче по ваш вкус.