Оваа количина направете ја доколку сакате да ја земате салатата како лек. Во спротив, ако сакате само салата за ручек, правете си ја секогаш свежа и зачинете ја со сол и со црн пипер по вкус.
Состојки:
4 цвекла
4 моркови
3 јаболка
1 целер
сок од 2 лимони
6 лажици мед
Приготвување:
Излупете ги цвеклата, јаболката и целерот, изрендајте ги морковите и измијте ги лимоните.
Додадете сок од два лимони и мед и добро измешајте. После тоа ставете ја смесата во тегли и чувајте ја во фрижидер.
Од оваа количина се добиваат околу 2 тегли кои содржат витамини кои го елиминираат заморот, го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат имунитетот, ја поправаат крвната слика и го зајакнуваат организмот.
Земајте секој ден три пати на ден, половина час пред јадење, по една лажица од оваа смеса.
Ако ја сакате само како салата, јадете ја свежо приготвена и зачинета со сол, црн пипер и додадете свеж ѓумбир, а наместо мед, ставете маслиново масло.
Фото: Pexels