Храна што секогаш треба да ја имате во вашиот фрижидер

За да не ви се случи да не знаете што би јаделе, секогаш имајте во фрижидерот намирници што можете да ги искористите на безброј начини.

0
1101

Одењето по намирници може да биде доста стресно, па дури и кога мислиме дека сме купиле сè што ни треба, се случува да ни недостасува нешто што може да ни притреба за појадок или ручек. Ви донесуваме листа на намирници што секогаш треба да ги имате во вашиот фрижидер затоа што со нив навистина можете да направите сешто.

Да почнеме по ред.

Јаболка. Феноменална закуска која ќе ве засити, освежи и, доколку е потребно, ќе ја изгасне вашата жед без никаква претходна подготовка. Сè што треба да направите е добро да го измиете јаболкото и тоа е тоа. Јаболките се многу здрава за срцето и го регулираат нивото на маснотии во крвта. Плус секогаш можете да ги додадете во вашите утрински житарки или во овесната каша.

Јајца. Кога немате ништо зготвено за јадење, секогаш можете да испржите јајца на око или кајгана со малку свежо сирење и салати и ќе добиете лесен ручек. Јајцата се најпогодни за појадок затоа што се богати со протеини и ќе ве заситат до ручекот.

Авокадо. Одлична храна која ќе ве засити и ќе ви ги обезбеди потребните хранливи материи. Авокадото го спушта холестеролот, го намалува ризикот од дијабетес, карцином и мозочен удар. Премачкајте го со него тостот за појадок или ставете го во сендвич со пилешко за лесен ручек.

Јогурт. Кога немате време за појадок, зетете мало шише јогурт, спакувајте малку овошје и тоа е тоа. Јогуртот е богат со пробиотици и содржи многу хранливи материи кои ни се потребни во текот на денот.

Белковини. Покрај овошјето, зеленчукот и млечните производи, не ги занемарувајте белковините и протеините. Секогаш имајте во замрзнувачот пилешко, риба и говедско месо.

Лимон. Можете да го користите за чај, лимонада или ароматизирана вода. Едноставно исецкајте го лимонот на парчиња, ставете во голем сад, наполнете со вода и оладете го преку ноќ. Оваа вода не само што го прочистува целото тело, туку го освежува и здивот, помага при слабеење, го зајакнува имунитетот, има корисен ефект врз здравјето и изгледот на кожата.

Сечкан свеж зеленчук. Секогаш имајте стапчиња од свеж зеленчук, моркови, целер, пиперки во фрижидер. Распоредете ги во кесички и секогаш ќе имате готова здрава ужина. Грицкајте ги во комбинација со некој сос, хумус или со јогурт.

Чоколадо. Многу пати пишувавме дека чоколадото е добро за здравјето, секако ако не се консумира во големи количини и ако станува збор за добро квалитетно темно чоколадо. Секогаш чувајте го чоколадото во фрижидер за да се заблажите со некоја коцка кога ви треба нешто слатко.

Грејпфрут е овошје што може да биде многу корисно ако сакате да изгубите тежина. Ако јадете половина грејпфрут пред секој оброк, можете да изгубите до 450 g неделно, без никаква диетална програма и редуцирање на исхраната.

Фото: Pixabey