Овој чипс од пашканат има само 4 состојки и е многу лесно да се направи.
Чипсот ќе биде најдобар ако пашканатот се исече тенко и рамномерно.
Состојки:
2 подебели пашканати, излупени и многу тенко исечени
¼ чаша маслиново масло
½ лажичка сол (по желба можете да ја измешате и со лук во прав)
½ лажичка мелен црн пипер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во голем сад измешајте го пашканатот со масло, сол и црн пипер. Распоредете го помеѓу две парчиња хартија за печење и распоредете го во рамномерни слоеви.
Печете, мешајќи го пашканатот околу 1 час.
Рецептот е од ТУКА.