Слабеење со чиа семе

Големата количина на хранливи материи со многу малку калории, е главната тајна на чиа семето. Со негова помош, велат, може да се ослабне и до 5 кг месечно

0
1883

Чиа семето е одлично во диетите за слабеење па велат дека со негова помош можат да се изгубат дури до 5 килограми за еден месец.

Тајната на чиа семето е во тоа што е полно со хранливи материи а малку калории!

Тоа исто така содржат висок процент на квалитетни протеини – со две лажички семе од чиа ќе внесете само 140 калории, но дури 4 грама протеини, 12 грама сложени јаглени хидрати (не шеќери!) и 11 грама влакна, кои се важни за вашето добро варење.

Затоа чиа семето е одлично за слабеење, полно е со витамини и минерали, па затоа е погодно за диети.

За напиток од чиа семе, прво натопете во вода две лажички семе на еден час па измешајте ги со лажица мед во блендерот. Додадете сок од лимон по вкус и дополнете со обична вода.

Пијте го напитокот наутро, по можност пред јадење, но доколку имате чувствителен стомак, прво изедете лесен појадок.
Прилагодете ја вашата исхрана – зајакнете ги протеините и намалете го маснотиите – препорачуваме посно младо сирење, варено јајца, посно месо како пилешко. Дајте се од себе за да го намалите внесот на шеќер – 2 лажички шеќер се доволни за вашите дневни потреби, ако не се занимавате со некој тежок спорт или со напорна физичка работа.

Фото: Pixabey