Брз десерт: Мафини со лимон и мак

Овие мафини се меки и сочни, а љубителите на лимон и афион ќе бидат воодушевени од нивната свежина.

0
345

Време е за друга верзија на вашите омилени мафини! Свежиот сок од лимон и неговата кора се дефинитивно нешто што ќе ве разбуди наутро ако си ги направите за појадок, ама и попладне, ако се десерт.

Тие не се премногу слатки, ниту премногу мрсни, туку се меки и сочни, одлична комбинација на вкусови и текстури и совршен рецепт во пресрет на пролетта. Освен тоа, без разлика дали сте искусни во правењето слатки или допрва се учите – со овој рецепт не може ништо да ви тргне наопаку.

Состојки за мафини:

130 г шеќер

1 лимон (сок и кора)

250 г брашно

2 лажички прашок за печиво

1/4 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка сол

180 г грчки јогурт

2 јајца

1 лажичка екстракт од ванила

100 г стопен и изладен путер

2 лажици семе од афион

Состојки за глазурата од лимон:

250 г шеќер во прав

2 – 3 лажици сок од лимон

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Премачкајте го калапот за мафини со путер. Во голем сад измешајте ги заедно кората од лимон и шеќерот. Потоа измешајте ги брашното, прашокот за печиво, сода бикарбона и сол. Во друг сад измешајте ги јогуртот, јајцата, екстрактот од ванила, сокот од лимон и растопениот путер. Додадете ги влажните состојки кај сувите состојки и полека промешајте за да ја измешате смесата.

Тестото треба да биде густо. Додадете го семето од афион, повторно промешајте, а потоа поделете ја смесата рамномерно во калапите за мафини.

Печете ги 16 до 18 минути или додека чепкалката за заби со која ќе пробате дали се печени не излезе сува. Откако ќе завршите, извадете ги од рерната и оставете да отстојат дополнителни 5 минути во калапот за мафини пред да ги извадите на чинијата.

За да направите глазура од лимон, измешајте ги заедно шеќерот во прав и сокот од лимон, ставете ги на оган и оставете ја смесата да зоврие. Размачкајте ја глазурата  на топлите мафини.

Фото: Pixabey