Палачинки за време на пост

Еве уште една идеја за нешто вкусно за време на пости - посни палачинки. Додуша, треба малку масло за да ги испечете, ама чувајте ја варијантава за викенд

0
276

Состојки:

125 г брашно

2 лажици шеќер во прав

1 лажичка ванилин шеќер

1 лажичка прашок за печиво

150 мл бадемово или некое друго растително млеко

прстофат сол

Приготвување:

Помешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, ванилин шеќер и прстофат сол. Додадете го млекото и измешајте додека не добиете компактна смеса.

Загрејте лажица масло во тавата за палачинки. За една палачинка ќе ви бидат доволни две лажици од смесата, а се печат отприлика по минута од секоја страна.

Изборот за филот е ваш.

Фото: Pixabey