Состојки:
3 кг кисели јаболка
2 кг зрели домати
2 кг шеќер
3-4 кесички ванилин шеќер
1 дцл рум
Сок од лимон
Приготвување:
Излупете ги и исечете ги јаболката на четвртини и извадете ги семките.
Измијте ги доматите и исечете ги и нив на четвртини.
Варете ги заедно 15-20 минути.
Испасирајте ги.
Варете го сокот со повремено мешање.
Додадете шеќер, ванилин шеќер, рум и по желба, односно, доколку јаболките се поблаги, додадете сок од лимон. Варете до саканата густина.
Ставете ја смесата во тегли со капак и секоја свртете ја наопаку на 5 минути.
Фото: Pixabey