Најубавите, највкусни и најбрзи ролувани питулици

Нашата читателка Јана ни го испрати нејзиниот супер брз рецепт за вкусни питулици во ново руво - наместо тегнети, завиткани во ролна со парче кашкавал

0
624

Состојки за 12 парчиња:

250 г брашно

1/2 кесичка прашок за пециво

5 г сол

30 г путер

125 мл кисела вода

Кашкавал

Масло за пржење

Приготвување:

Помешајте ги брашното и пецивото, додадете сол по вкус и исечкан путер. Ќе добиете смеса во вид на трошки во која полека ја додавате киселата вода. Замесете го тестото и оставете го да одмори 15 минути.

За тоа време исечкајте го кашкавалот на стапчиња и загрејте то маслото.

Поделете го тестото на 12 парчиња, расукајте ги едно по едно во форма на квадратче (10цмХ10цм), ставајте во секое по едно стапче кашкавал, заролајте и пржете во загреано масло.

Вадете ги врз салфета за да се впие вишокот масло.

Вкусни се, крцкави и идеални за појадок или вечера.