Состојки:
4 големи јајца
330 г рикота (или несолена урда)
2 лажици шеќер
Кора и сок од лимон
70 г брашно
25 г кокосово брашно
прстофат сол
Приготвување:
Измешајте ги жолчките, рикота, кокосово брашно, шеќер и сок и кора од 1 лимон. Потоа додадете го брашното.
Белките изматете ги со прстофат сол во цврст шлаг и со помош на шпатула, додадете ги во смесата со жолчките и рикота.
Загрејте малку путер на тава и истурете од тестото. Печете ги палачинките 2-3 минути од двете страни.
Фото: Pixabey