Протеински појадок готов за 10 минути

Немате многу време да подготвите појадок? Нема  проблем. Еве една идеја за протеински брз појадок спакуван во бурито, кој се спрема  за помалку од 10 минути.

0
813

Доволно е да ги испечете изматените јајца, да ги комбинирате со мала количина зготвен или грав од конзерва, сирење и зеленчук и сето тоа спакувано во тортилја. Овој брз појадок можете да го јадете дома, или да го завиткате во фолија и да го земете со вас на работа.

Состојки за бурито за 1 лице:

1 голема тортилја

2 јајца

75 грама конзервиранаграв

50 г рендано сирење или кашкавал по желба

2 лажици кечап

сол и црн пипер по желба

Приготвување:

Загрејте ја тортилјата во тава.

Испечете ги јајцата и префрлете ги во тортилјата.

Измешајте го гравот со кечапот и додадете ги кај  јајцата. Додадете рендано сирење или кашкавал.

Можете да додадете и рендана зелка, домати, пиперки, кромид, маслинки, авокадо или друг зеленчук по желба.

Завиткајте ја тортилјата со сите состојки во бурито.

Фото: Pexels