Не е исто дали јадеме презреани или недозреани банани, јаболка, круши …

Еве кога плодовите можат да дејствуваат како лаксатив, да предизвикаат киселини и гасови

0
959

Откако ќе се собере, хранливиот состав на овошјето и неговата сварливост се менуваат од ден на ден, па не е неважно дали го јадете зрело, незрело или презреано.

Дали е доволно зрело или сѐ уште не е доволно зрело е прашање кое сите понекогаш си го поставуваме кога купуваме овошје на пазар или во супермаркетите. Ние често го купуваме додека е сè уште зелено и потврдо за да ни трае подолго ако не мислиме да го јадеме веднаш. Но, освен во бојата и цврстината, постојат и други важни разлики помеѓу зрелото и незрелото овошје.

За почеток, зрелото овошје содржи повеќе фруктоза и затоа е повкусно и послатко, додека она што не е зрело е побогато со минерални соли. Во однос на содржината на растителни влакна, приближно е иста кај зрелото и незрелото овошје. Но, кога станува збор за сварливост, повторно има неколку разлики: недозреаното овошје е потешко сварливо,  додека она кое е премногу зрело побрзо ферментира во желудникот па не е добро за лицата кои страдаат од надуеност во стомакот.

Не е неважно ни како ќе го чувате овошјето откако ќе го донесете дома: ако сте купиле зрело овошје, не го ставајте во пластични садови затоа што може да изгние пред да го изедете, бидејќи намалената циркулација на воздухот поттикнува создавање на влага и мувла. Ние ви донесуваме мал водич кој ќе ви помогне полесно да се снајдете во изборот на овошје кое е најдобро за вас, како и за неговото чување.

Јаболко: Ако е незрело, може да предизвика киселини

Кога да ги купите: Можете да ги купите во текот на целата година, бидејќи јаболката можа да се чуваат лесно и многу долго време

Како да ги одберете: Дека јаболкото го достигнало вистинскиот степен на зрелост можете да препознаете по жолтеникавата боја на кората околу рачката.

Кога не се зрели: помалку е слатко, бидејќи дел од скробот содржан во овошјето сè уште не се претворил во шеќер. Незрелото јаболко е исто така потешко да се вари затоа што скробот се метаболизира побавно. Покрај тоа, незрелите јаболка имаат адстрингентно дејство (исто како варените јаболка) и заради својата киселост можат да предизвикаат киселини.

Кога се зрели: Кога се конзумира во вистински степен на зрелост, јаболкото е најбогато со растителни влакна и целулоза и го подобрува дигестивниот систем.

Како да ги чувате: Ако се чува дома во незагреана просторија, може да трае околу еден месец и подолго во фрижидер. Но, имајте на ум дека откако ќе достигне целосна зрелост, јаболкото го губи интензитетот на вкусот и неговата витаминска и антиоксидантна содржина се намалува.

Банана: Ако е незрела, делува како лаксатив

Кога се купува: Може да ги најдете во продавниците преку целата година, но најдобри банани има во јануари и во јули. Бананите се берат сѐ уште недозреани (зелени) во тропските и екваторијалните региони и се оставаат да созреваат во загреани простории со додаток на вештачки етилен, гас што инаку произведува зрело овошје.

Како да ги изберете: Одберете позрели банани за да не ви се случи бананите што сте ги купиле зелени уште следниот ден  да станат црни и полускапани. Обрнете внимание на петелката: ако има мувла, тоа значи дека бананата е била замрзната па одмрзната.

Кога не е зрела: може да се препознае по зеленикавата боја на кората и по тоа што е на допир многу тврда. Може да трае околу една недела на собна температура. Сепак, не ги чувајте незрелите банани близу до кое било друго зрело овошје или зрел зеленчук, бидејќи поради етиленот кој се ослободува од зрелото овошје и зеленчук ќе изгние побрзо. На температура под 8 степени, бананите ќе поцрнат и ќе станат помалку вкусни.

Ако страдате од киселини: Изберете помалку зрели банани, бидејќи тие поттикнуваат лаќење на материи што ја намалуваат киселината. Покрај тоа, сè уште не дозреаните банани имаат поизразен лаксативен ефект од зрелите банани, кои се многу послатки, но можат да предизвикаат надуеност и гасови во стомакот.

Круша: Кога е цврста, потешко се вари

Кога да ги купите: Можете да ги најдете во продавниците во текот на целата година, но повеќето сорти на круши се собираат во текот на летото или есента, па ова е најдобро време за да ги јадете.

Како да изберете: Акоо е крушата мека на допир, тоа значи дека е зрела. Кората треба да биде мазна и без црни дамки, а петелката треба да биде тврда, зелена и уште цврсто прицврстена на овошјето.

Кога е незрела: Има цврст, малку кисел вкус и потешко се вари, особено ако страдате од киселини бидејќи е богат со танин. Од истата причина има и адстрингентно дејство.

Кога е зрела: Полесно е сварлива и има повеќе лаксативно дејство благодарение на поголемиот процент на сорбитол – алкохол (кој инаку се користи како засладувач) кој организмот не го апсорбира и кој го зајакнува дигестивниот систем.

Како да се чува: Ако е веќе зрела, можете да го чувате во најстудениот дел од фрижидерот околу една недела. Ако е незрела, оставете ја 4-5 дена на собна температура да созрее. Ако овошјето е меко на допир кога ќе го притиснете со прстот покрај петелката, тоа значи дека го достигнало вистинскиот степен на зрелост за консумирање.

Киви: Не е добро кога е презреано

Кога се купува: од јануари до мај и од октомври до декември

Како да се одбере: Киви треба да се купув додека е уште незрело, па се остава неколку дена на собна температура да созрее. Нема смисол да се купува зрело киви, освен ако не сакате веднаш да го јадете затоа што многу брзо се расипува.

Кога е зрело: ќе го препознаете по неговата екстремна мекост на допир. Избегнувајте презреен киви, бидејќи, иако не е штетен за здравјето, количината на хранливи материи што ги содржи е значително намалена. Кивито има лаксативно дејство само ако не е премногу зрело, затоа што тогаш е сè уште богато со калиум, витамин Ц и растителни влакна.

Како да се чува: Ако е незрело, оставете го на собна температура покрај едно зрело јаболко (кое ослободува етилен). Ако не е целосно незрело, можете да го чувате во фрижидер или на ладно место една недела, но не во близина на други зрели плодови, бидејќи тоа ќе го забрза зреењето и расипувањето на кивито.

Портокал: Внимавајте на мувлата

Кога се купува: од ноември до мај, но најидеален период за консумирање портокали е во јануари, кога тие имаат најголема содржина на витамини Ц, но и кога нивната цена е најповолна.

Како да изберете: Изберете овошје со средна големина (не премногу големи или премногу тешки) со која која е добро споена со пулпата и без црни дамки. Петелката не треба да биде премногу сува бидејќи тоа укажува на тоа дека портокалот не е особено свеж и затоа не е со добар квалитет. Дури пожелно е кората да биде малку зелена околу петелката и да има некакво гранче и лист по должината на петелката. Избегнувајте портокали што се премногу меки на допир, бидејќи тие се веќе презреани за консумирање.

Како да се чуваат: Може да потраат до една недела на собна температура и до 3, 4 недели во фрижидер (но ако купите многу, не ги ставајте едни врз други затоа што така ќе се расипат побрзо). Одделете ги портокалите со црни или бели дамки од другите бидејќи ова укажува на присуство и ширење на мувла.

Фото: Pixabey