Знаете ли што е батела?

Не сме го пробале ама звучи многу добро. Сладок намаз од батат, урми, црно чоколадо и лешници.

0
567

Состојки:

800 г портокалов батат

200 г темно чоколадо во голем процент какао

1 рака лешници

3-4 урми (по желба)

Приготвување:

Испечете го бататот во рерна, а претходно само на неколку места боцнете го со вилушка. Ако кората поцрни, не се грижете, внатре ќе има убава портокалова боја.

Чоколадото стопете го на пареа, а лешниците потпечете ги малку во тава и излупете ги триејќи ги во крпа. Исечкајте ги на парченца по ваша желба.

Печениот батат излупете го, па заедно со стопеното чоколадо и урмите ставете го во блендер додека не добиете кремава текстура.

Можете да користите и миксер, но во тој случај наместо урми, употребете некој течен засладувач, се разбира, ако сакате поблаг намаз.

Кога ќе се олади намазот се стврднува па можете да го разредите со малку млеко (кравјо или растително).

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.