Најдовме лесен рецепт за еликсир на младоста – со цвекло и вотка

Станува збор за древен руски рецепт за напиток кој се состои од две состојки – цвекло и вотка. Звучи малку чудно, ама звучи и баш ‘руски’, па можеби треба да му се даде шанса и да се испроба

0
465

 Состојки:

Свежо цвекло

Квалитетна вотка

Приготвување:

Изрендајте го ситно свежото цвекло. Наполнете го шишето речиси до горе а потоа прелејте го со квалитетна вотка. Добро затворете го шишето и оставете го да стои на топло место 12 дена. За тоа време, протресувајте го шишето неколку пати на ден.

После 12 дена, исцедете ја течноста и секој ден пијте по една мала чашка, пред јадење.

Овој еликсир, велат, ја враќа енергијата, а ако редовно го пиете, ќе се чувствувате како на крилја.

Фото: Pixabey