Манго: штити од рак, богато е со витамини, минерали и други хранливи состојки

Ова тропско овошје е познато како крал на овошјето и е едно од најпопуларните овошјa во светот со неповторлив вкус и арома. Делува превентивно за спречување рак, но и за намалување на неговото ширење поради содржината на феноли како кверцетинот, и ензимите кои имаат антиканцерогено дејство.

0
244

Постојат различни сорти и подвидови на мангото кои се разликуваат по големината, формата, бојата и вкусот. Бојата на кората е различна и варира од портокалова, црвена или зелена, но внатрешноста е секогаш жолта и сочна.

Обично плодовите се берат додека се зелени, бидејќи ако се остават да созреат на дрвото, брзо скапуваат. Во продавница изберете го она манго, што е со здрава кожа, без никакви повреди и модринки. Незрелите манго овошја може да се чуваат на собна температура неколку дена, а ако се зрели, се чуваат во фрижидер.

Пред да го употребите, откако ќе го извадите плодот од фрижидер, дајте му малку време да се аклиматизира, и дури тогаш ќе можете да уживате во неговиот природен вкус и арома.

Мангото е плод богат со диетални влакна, витамини, минерали, и поли-фенолни соединенија. Истражувањата покажуваат дека мангото штити од рак на дебелото црево, на белите дробови, леукемија и рак на простата.

Но исто така делува и за намалување на неговото ширење поради содржината на феноли како кверцетинот, и ензимите кои имаат антиканцерогено дејство.

Плодот е одличен извор на витамин А и флавоноиди како бета-каротин, алфа-каротен и бета-криптоксантин. Само 100 грама свежо овошје обезбедуваат 765 мг или 25% од препорачаната дневна доза на витамин А.

Свежиот плод е богат извор на калиум кој е важна компонента на клеточните течности и помага за контрола на срцето и крвниот притисок. Плодот е добар извор на витамин Б6, витамин Ц и витамин Е. Богат е со железо, магнезиум и калциум. Количината на хранливи материи и витамини се зголемува со зрелоста на плодот.

Мангото има високи нивоа на пектин и витамин Ц, кои помагаат да се намали нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.

Витаминот А, кој е доминантен во составот на манго, е потребен за производство на себум, кој е важен за здравјето на косата.

Бета-каротинот е една од хранливите материи што се наоѓаат во мангото и се покажа дека го намалува ризикот од развој на астма.

Зеаксантинот е антиоксиданс што го наоѓаме во манго. Ги филтрира штетните сини светлосни зраци и има заштитна улога за здравјето на очите.

Некои други придобивки од мангото:

  1. Го намалува ризикот од дебелина
  2. Го намалува ризикот од дијабетес
  3. Го намалува ризикот од срцеви заболувања
  4. Го подобрува здравјето на коските

Фото: Pixabey