Без разлика дали станува збор за кокос или киноа, храната во која се колнат т.н. ’лајфстајл гуруа’ и не е толку добра како што се мисли, барем не од гледна точка на здравјето на нашата планета.
Квиноата драстично ја намалува плодноста на почвата
Ова е една од најновите супер намирници, безглутенска алтернатива за тестенини или за кус-кус. Вегетаријанците ја обожаваат затоа што содржи невообичаено голема количина на протеини за житарки (до 18 проценти). Исто така, содржи есенцијални аминокиселини, антиинфламаторни супстанции и состојки кои се поврзуваат со слабеењето. И покрај позитивните страни, благодарение на зголемената побарувачка од западните земји, одгледувањето во Боливија, Еквадор и Перу е на своите максимални граници. На тој регион му се заканува големо намалување на плодноста на почвата, бидејќи поради големата вредност земјоделците садат само квиноа и ги напуштиле традиционалните начини за одгледување и култури кои ја штитат плодноста на почвата и спречуваат ерозија. Покрај тоа, порастот на цената на квиноата ја направи оваа храна недостапна за сиромашното население кое традиционално ја консумирало па ова населени се свртува кон поевтина, како и на понездрава западна храна.
Поради какаото исчезнува амазонската прашума
Се однесува на сировото какао кое Инките го сметале за храна на боговите. Денеска го обожаваат оние кои се опседнати со здрава храна затоа што е минимално процесуирано, не содржи млечни производи и може да се корсти во вегански рецепт. Чистото какао содржи четири пати повеќе какао зрна од она кое се става во чоколадите. Сепак, тоа ретставува уште поголемо оптварување за регионот кој е и онака под притисок на големата побарувачка.
Западна Африкае традиционално најголем производител, но остарените дрва, болните култури, паразитите и екстремните временски услови, предизвикуваат пад на приносот, а производството се засилува во Јужна Америка. Перу го зголеми своето производство на какао пет пати од 1995 година, а компаниите задолжени за тоа исекоа и расчистија илјадници хектари незаменлива амазонска прашума, позната и како „белите дробови на светот“. Африканските земји, како Брегот на Слоновата Коска, Гана и Нигерија, исто така, претрпеа значајно уништување на шумите паралелно со ширењето на плантажите со какао.
Наместо луѓето, водата ја пие авокадото
Единственото овошје со високо ниво на монозаситени масни киселини, здрави за срцето, со додадок на бројни витамини и минерали и растителни влакна, денес е исклучително популарно денес. Сепак, производството на авокадо бара огромни количини на вода, што е поврзано со големо исушување на деловите кадешто се одгледува – Чиле, Мексико и Калифорнија. Во Јужна Америка, производството е на својот врв – од 3.500 хектари дрвја од авокадо во 1993 година до 29.000 хектари во 2014 година. Голем дел од одгледувањето е поврзано со ридското подрачје во централниот дел на Чиле, каде врнежите од дожд се минимални и за секој хектар на авокадо дрвја се потребни милиони галони литри годишно. . За да се обезбеди ова, реките се исушуваат и луѓето остануваат без вода за пиење.
Бадемите како причина за пожари
Долго познати по своите здравствени придобивки, бадемите се сè уште популарни, бидејќи студиите сè повеќе ја докажуваат нивната ефикасност во намалувањето на нивото на холестерол и зголемувањето на нивото на антиоксиданси и витамин Е. Овие јаткасти плодови се исто така добар извор на бакар и магнезиум и ги обожаваат следбениците на здравата храна кои често од нив произведуваат бадемово млеко.
Калифорнија денес произведува 82 отсто од сите бадеми во светот, а за тоа троши милиони галони вода. По должината на калифорниската централна долина која со површината одговара на површината на Англија, бадемите се простираат до кадешто ви стасува и погледот. Поради тоа се исцрпуваат сите водени резерви, што за жал е и една од најголемите причини за големите пожари кои секоја година го погодуваат ова подрачје.
Одгледувачите на кокос се најсиромашните луѓе во светот
Нема нешто кадешто денеска не се става кокос, и кога станува збор за храна, но и за многу други намени – од козметика до здравство. Популарноста на оваа тропска храна секако се должи на големата количина здрава масти што ги содржи. Но, како што секоја годна старее коосовата палма, така дава сè помалку плодови, па е потребно да се засадат што повеќе за да се одржи нивото на производство. Интензивното одгледување во Индонезија, Индија и Филипини е толку штетно за квалитетот на почвата што земјоделците сè повеќе треба да се потпираат на помош од пестициди и ѓубрива, кои доспеваат во водата што ја пијат луѓето и ја загадуваат. Одгледувачите на кокос обично се многу сиромашни, а повеќето од нив заради тоа ги продаваат своите плодови за ситни пари, кои ги откупуваат големите компании и ги дистрибуираат низ фабриките ширум светот.
Вината е и кај вегетаријанците
Нивото на протеини во сојата ја прават таа намирница основа за исхрана на вегетаријанците, а најчесто сојата се користи за тофу и за млеко. За да се исплати производството на соја, потребни се огромни парчиња земја, а резултат од ова се загрозени еко системи во делов од Латинска Америка поради масовното крчење на шумите. Секоја година се уништуваат речиси четири милиони хектари земја.
Фото: Pixabey