Данците имаат навика да јадат каша направена од стар леб со пиво. Имено, данските монаси порано ставале леб во врело пиво. Се претпоставува дека вака настанал денешниот традиционален и познат Øllebrød – каша од ’ржан леб со пиво.
Исто така, до 1800. година, ‘ржаниот леб, лососот, пивото, свинското месо и компирите беа основната храна што ја консумираат Данците. Данските семејства порано готвеле Øllebrød од стариот леб во големи садови, а кашата се јадела наутро и попладне, и честопати како гарнир за главното јадење. Денеска најмногу се јаде за појадок.
Препорачуваме да земете што потемен ‘ржан леб со што повеќе ’ржано брашно и семки, затоа што така вкусот ќе биде поинтензивен, а со тоа и кашата повкусна. Што се однесува до темното пиво, ако не ви се допаѓа, можете или целосно да го замените со вода / млеко или да додадете само малку.
Не го прескокнувајте чоколадото.
Состојки:
200 г црн ’ржан леб
150 мл темно пиво
500 мл вода
2-3 урми
2 лажици мед
50 г темно чоколадо
Кисела павлака/слатка павлака или млеко за послужување
Цимет
Приготвување:
Лебот исечете го на помали парчиња па додадете ги пивото, водата и цимет по вкус. Ставете го да зоврие и варете околу 10 минути на тивок оган додека не добиете каша.
Додадете мед, урми, темно чоколадо и измешајте сè заедно во кремава смеса.
Послужете топло со кисела или слатка павлака или со ладно млеко и поросете сè со цимет во прав.
Фотографијата и рецептот се од ТУКА.