Брз леб што изгледа како колаче

Ако сте заборавиле да си купите леб, секогаш можете да го направите и дома. Без месење, без чекање, онака, набрзински

0
604

Состојки:

750 г брашно

1 прашок за пециво

2 лажици мед

1 лажиче сол

330 мл пиво по ваш избор (ние ставивме црно пиво)

50 г путер

Приготвување:

Прво вклучете ја рерната на 180 степени.

Измешајте ги брашното и прашокот за пециво, додадете го медот, солта и пивото и мешајте со лажица.

Ставете ја смесата во правоаголно тавче (со хартија за печење или подмачкано и набрашнето) и одозгора исечкајте го на тенки ливчиња путерот. Ставете го да се пече околу 35 минути.

Додека е топло не се сече убаво, но откако ќе се олади, нема да имате проблем со сечењето на кришки…ако издржите дотогаш.