5 здрави намирници кои треба да ги избегнуваме кога сме болни

Спанаќот, оревите и брокулата не се добредојдени кога телото е ослабено, па затоа е подобро да ги замените со лесно сварлива храна ...

0
711

Кога ќе ве фати вироза ја знаеме процедурата: пилешка супа, многу чај, ѓумбир, прополис и мед. Дали треба да ја наполниме чинијата со храна полна со витамини и минерали, а да се избегнува шеќер и преработена храна? Па, не по секоја цена. Лекарите предупредуваат на намирници кои можат да ни наштетат и да ги продолжат симптомите на болеста кога организмот е ослабен. Покрај тоа, важно е да се има предвид дека сите не реагираме подеднакво на одредена храна, затоа е најважно да го слушате вашето тело и ако забележите дека нешто не е во ред за вас, исфрлете го со постапка на елиминација.

Спанаќ

Хистаминот му помага на телото да се ослободи од алергените. Ако не толерирате одредена храна, хистаминот ќе ве „предупреди“ и ќе поттикне алергиска реакција. Ако сме нетолерантни на хистамин, може да се појави реакција слична на алергија или замор, може да се појави недостаток на енергија и главоболка. Иако не содржи многу хистамин, спанаќот помага во неговото ослободување. Во категоријата „ослободувачи на хистамин“ спаѓаат јагодите и доматите, кои е подобро да се избегнуваат додека сме болни.

Јаткасти плодови

Цинкот и витаминот Е му помагаат на организмот да се бори против болеста, но ако ве мачат желудникот или имате треска, подобро е да се воздржите од ореви, лешници, бадеми и „нивните роднини“. Причината за ова се мастите кои на телото му се тешки за варење, што може да го направи желудникот повознемирен и да го лиши телото од енергијата што е потребна за борба против болеста.

Брокула

Настрана витамините, брокулата изобилува со влакна кои не се пријатели на организмот ослабен од болеста. Првите неколку дена на настинка, грип или желудочна вироза, подобро е да ја наполните вашата чинија со лесно сварлива храна, за да не ја губите силата без потреба.

Грав

Шеќерите од гравот може да предизвикаат проблеми со стомакот, како што се диареја, гас и грчеви. Телото не синтетизира доволно ензими што го намалуваат гасот, такашто шеќерите не се варат целосно. Затоа, не јадете грав ако ве мачи желудникот, исто како и интегрални или млечни производи. Заменете ги со овесна каша, бел ориз и банани.

Сиров зеленчук

Покрај тоа што го оптоваруваат организмот со варењето на растителни влакна, не се препорачува сиров зеленчук дури и кога грлото ве боли затоа што тоа дополнително го иритира. Исто како и киселите агруми, кои е подобро да се заменат со друга храна која е богата со витамин Ц, барем додека не се смири болното грло. За болки во грлото, се препорачува да се јаде мед затоа што спречува кашлица, како и јајца заради цинк и витамин Д, кои го зајакнуваат имунитетот.

Фото: Pixabey